Милан ја победи Фиорентина со 1:0 во натпреварот од 13. коло на Серија А на „Сан Сиро“, а голот вреден три бода го постигна левото крило Тео Хернандез од пенал во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
На овој меч беше испишана и историјата на Серија А. Во 83-та минута во игра за Милан наместо Лука Јовиќ влезе 15-годишниот напаѓач Франческо Камарда и со тоа испиша историја.
History is made 📜#MilanFiorentina #SempreMilan pic.twitter.com/Uxz3PixJ5i
— AC Milan (@acmilan) November 25, 2023
Претходниот рекордер беше Виздом Ејми, кој играше за Болоња во 2021 година под водство на починатиот тренер Синиша Михајловиќ на 15 години, девет месеци и еден ден.
„Талентот не познава години. Тој ќе биде подготвен ако ни треба“, рече Пиоли за Камарда.