Вињалес од стартното место во Валенсија, Бањаја како втор ќе ја лови титулата

61

Возачот на Априлја, Маверик Вињалес, ја освои пол-позицијата за спринтот и трката во Валенсија поставувајќи нов рекорд на патеката. Второто место го зазеде лидерот во шампионатот Франческо Бањаја со Дукати, а трет заврши Жоан Зарко од Прамак.

Разочарувачка шеста позиција освои возачот кој е во тесна борба за титулата – Хорхе Мартин.

Бањаја има 437 бода пред спринтот и главната трка, додека неговиот „предизвикувач“ Мартин има 416 пред решавачките сесии.

ПретходноПолувреме во Штип: Елези со убав гол за водство на Шкендија! (ВИДЕО)
СледноХаланд за историја: Најбрзо до 50 гола во Премиерлигата (ВИДЕО)