КРАЛОТ е на колена: Синер го победи Новак, Италија – Србија сега е 1:1!

734

Да, КРАЛОТ е на колена. Јаник Синер со 2:1 во сетови го “скрши“ Новак и со тоа и донесе 1:1 на Италија во полуфиналето во Дејвис Купот. Патниккот во финалето, на мегдан со Австралија, ќе го донесе победникот од двојките кои допрва ќе се одигра.

Претходно Кецмановиќ го совлада Мусети за водство на Србија од 1:0 во ова полуфинале во Малага.

На Новак не му тргна најдобро, Италијанецот го доби првиот сет со 6:2, но затоа во вториот сет Новак одигра како што треба и го доби овој сет со 6:2.

Во третиот сет се водеше голема борба, на 5:4 во гемови Новак имаше три меч топки но не успеа да го освои овој сет. Синер направи пресврт и дојде до 5:5. А потоа и до 7:5 за победа.

ПретходноОвој Леверкузен како да е од некоја друга планета! (ВИДЕО)
СледноМакедонските ракометарки убедливи на првата контрола со Велика Британија (ФОТО)