Македонскаѕта кошаркарска федерација ќе биде во улога на организатор, а главниот град, Скопје, во улога на домаќин на уште две Европски првенства за млади кошаркариво 2024 година.
Бордот на ФИБА Европа на својата седница во швајцарскиот Мие, одлучи во периодот од 26. јули до 16 август, КФСМ ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години, но и на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години.
Нашите млади кошаркари „Под 20“ години (2004 година и помлади), ќе се борат за што подобар пласман на Европското првенство кое ќе се игра од 13.до 21 јули во полскиот град Гдиња.