Уште една маестрална, фантастична партија на Столе Димитриевски на голот на Рајо Ваљекано во Ла Лига. Попладнево во меч од 14.коло Македонецот ја сопре Барса, одбрани најмалку два зицери од кој едниот во првото полувреме на Ламине Јамал. Сепак не можеше и против својот стопер Лежен, кој при резултат 1:0 за Рајо, си даде автогол, ја затресе мрежата на Столе за 1:1.
Штета, Македонецот беше многу блиску до уште една чиста мрежа против уште еден гигант, како што тоа го направи на гости кај Реал Мадрид кога беше 0:0.
Нема што, Столе е страшен голман.
GoaL! | Rayo Vallecano 1-1 Barcelona | Florian Lejeune (OG)pic.twitter.com/OZJsV5Jbz6
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 25, 2023