Њукасл со четворка го “поздрави“ Челзи! (ВИДЕО)

95

Во меч од 13.коло, Њукасл со 4:1 го совлада Челзи и му нанеси убедлив пораз. “Црно-белите“ поведоа со голот на Исак во 13.минута, а Стерлинг израмни на 1:1 во 23.минута.

Во продолжение од средбата домашните одиграа фантастично, за разлика од Челзи, и успеаја со головите на Ласелес, Жоелинтон и Гордон да постигнат уште три гола за конечна победа од 4:1. Треба да се каже дека „сините“ од Лондон во 73.минута по исклучувањето на Џејмс, останаа со играч помалку.

Барнли дома беше поразен од Вест Хем со 1:2, Борнмут како гостин славеше кај Шефилд со 1:3.

Лутин со 2:1 го совлада Кристал Палас а Брајтон како гостин славеше кај Нотингем Форест со 2:3.

ПретходноМакедонските ракометарки убедливи на првата контрола со Велика Британија (ФОТО)
СледноСалернитана го шокираше Лацио за прв триумф сезонава!