Неверојатниот Синер и го донесе на Италија трофејот од Дејвис Купот

167

Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот, откако вечерва во двата сингл-дуели славеше над Австралија.

Јунак на „аѕурите“ е Јаник Синер, кој победи на сите натпревари на турнирот, а последниот беше достоен за трофеј. Синер денеска го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 2:0, во сетови 6:3, 6:0 и на својата земја и ја донесе втората титула во ова натпреварување по онаа од 1976 година.

Првиот поен за Италија го донесе Матео Арналди кој славеше против Алексеј Попирин.

ПретходноРодриго со два гола за нов шампионски ритам на Реал (М) (ВИДЕО)
СледноДинамо Минск по 19 години повторно е шампион на Белорусија