Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ и натаму во дресот на Уникс Казан игра во одлична форма. Па така попладнево во меч од ВТБ лигата, македонскиот репрезентативец против тимот на МБА Москва успеа да уфрли 16 поени за 19.42 минути колку што беше на паркетот.
На крајот неговиот тим успеа да забележи триумф од 87:78. Нено за шут за два поени имаше 3/4, забележа 4 скока и две асистенции.
Да кажеме дека претходно, во текот на денешниот ден, Емил Рајковиќ со неговата ЦСКА Москва, триумфираше како гостин против Новгород со 72:74.