Рома со победа над Удинезе се враќа во битка за врвот во Серија А (ВИДЕО)

90

Фудбалерите на Рома го совладаа Удинезе на „Олимпико“со 3:1 во 13. коло од италијанската Серија А.

Избраниците на Жозе Мурињо победија по два последователни порази и се доближија до тимовите во зоната која води во Лигата на шампионите. „Волчицата“ поведе во  20. минута кога Дибала упати добар центаршут од прекин, а највисок во скокот беше Џанлука Манчини кој ја затресе мрежата на Силвестри. Гостите израмнија на почетокот на вториот дел со голот на Тован, но Рома во последните 10 минути од средбата со два гола го реши победникот.

Во 81. минута по одличната тимска акција Дибала погоди за 2:1, додека конечните 3;1 ги постави Стефан Ел Шарави во 90. минута од натпреварот.

ВИДЕО ГОЛ – ДИБАЛА (2:1)

ПретходноФеникс 2010 со одлична втора четвртина до победа во Охрид
СледноПрва радост за Куманово, Аеродром поразен од Е. Пелистер 2