Во рамките на 13. коло на Премиер лигата, Арсенал го совлада Брентфорд со 1:0 и се искачи на чело на табелата. За тренерот на „топчиите“ Микел Артета тоа беше јубилеен 200. меч на клупата на лондонскиот клуб. Оствари 116 победи што е клупски рекорд.
Како илустрација претходно најуспешниот тренер на „топчиите“, легендарниот Арсен Венгер во првите 200 мечеви имаше 111 победи што е втор најдобар ефект во клупската историја. Трет е шкотскиот стратег на Арсенал од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век Џорџ Грем со 106 победи.