Динамо Минск ја освои титулата во белоруската лига за првпат по 2004 година, откако во претпоследното коло ја победи Белшина со 4-0 на гостински терен.
На овој начин Динамо собра 66 бода, седум пред вториот Неман Гродњо, кој загуби со 3:2 на гостувањето кај БАТЕ Борисов и сега нема шанси да се израмни со тимот од Минск.
Шампионската победа на Динамо Минск му ја донесоа Александар Сачивко, Иван Бахар, Алексеј Гаврилович и Даниил Зорин.
По две децении тимот повторно ќе се врати во Лигата на шампионите каде ќе игра квалификации. Ова е осма титула за Динамо Минск во Белорусија.