Дури 50 полицајци се повредени во навивачки нереди пред бундеслигашки меч

1126

Околу 50 полицајци се ранети во Франкфурт поради безредија пред фудбалскиот дуел меѓу Ајнтрахт и Штутгарт од 12 коло на Бундес лигата, пренесува „Билд“ повикувајќи се на органите на редот.
Четворица полицајци се задржани во болница. Освен тоа има ранети лица од обезбедувањето, навивачи меѓу кои и деца. Безредијата се појавиле поради проблеми со контролата на билетите на влезот на стадионот. Навивачите прво ги нападнале стјуардите, а потоа се нафрлиле на полицајците кои дошле да интервенираат.
Летале шишиња, столчиња, железни палку, камења, пиротехнички материјали…
Инаку Штутгарт го доби мечот со 2:1.

ПретходноMaкедонија убедлива и на втората контрола со Британија
СледноПМФЛ: Голема борба но без победник на ФФМ, Шкупи го “реши“ Ѓорче! (ВИДЕО)