Интер не го дава Марота: Трансфер „гуруто“ останува на „Меаца“ до 2027 година

150

Еден од најдобрите „играчи“ на фудбалските трансфер пазари, Бепе Марота, кој моментно е извршен директор на Интер, ќе остане во клубот на подолг временски период и ќе потпише нов договор со „Нероаѕурите“.

„Ла Република“ денеска објави дека Марота ќе потпише договор до летото 2027 година, а одлуката е донесена откако клубот направил финансиско подобрување од претходната финансиска година. На Марота му беше кажано за одлуката за време на состанокот за видео-конференција со бордот на директори на клубот неодамна.

Марота е во клубот од 2018 година.

ПретходноАртета оствари јубилеј и постави рекорд на клупата на Арсенал
СледноТухел го продаде, сега Челзи ќе го враќа на „Стемфорд Бриџ“