Шкупи денеска во меч од 15.коло во ПМФЛ, на Чаир, успеа да дојде до победа над Македонија ЃП со 1:0 и тоа со голот на Марио Младеновски.
Не беше лесно за составот на стратегот Младен Жижовиќ, но со овие три бода неговиот тим се зацврсти на водечката позиција на табелата во нашата елитна лига.
По мечот Жижовиќ изјави:
„Како што и се очекуваше, ова беше тежок натпревар. Навистина сум горд на овие момци кои играат во дресот на Шкупи. За тоа што го даваат за клубот, за нивниот придонес. Се надевам дека ќе собереме сила и натаму да останеме на врвот. Жалам за повредата на Нилтињо, ги чекаме анализите па ќе видиме за што навистина станува збор. На крајот уште еднаш сакам да им упатам честитки на нашите играчи за оваа победа“.