Најмлади дебитанти во Топ 5 лигите: Камарда го претекна Виздом, напаѓач на Арсенал е апсолутен рекордер

733

Франческо Камарда влезе во игра на мечот меѓу Милан и Фиорентина (1:0) и со тоа стана најмладиот фудбалер во историјата на Серија А. Камарда дебитираше за првиот тим со 15 години и 260 дена со што го претекна претходниот рекордер Виздом Ами кој со 15 години и 274 дена го одигра првиот меч за Болоња во мај 2021 година.
Камарда е и клупски рекордер соборувајќи го рекордот на Паоло Малдини кој имаше 16 години и 208 дена кога прв пат заигра за „Росонерите“.

Сепак, Камарда не е најмлад дебитант во Топ 5 лигите во Европа. На врвот е фудбалерот на Арсенал, Итан Енванери. Тој дебитираше со 15 години и 181 ден во победата над Брентфорд (3:0) во септември 2022 година.

Во шпанската Ла Лига тоа е Лука Ромеро, играч роден во Мексико од аргентински родители. Тој првпат во најсилната шпанска лига заигра во дресот на Мајорка во јуни 2020 година, перидото на корона вирусот кога финишот на шампионатите се поместија. Тој против Реал Мадрид заигра со 15 години и 219 дена.

Во Германија тоа е Јуфус Мукоко кој во ноември 2020 година го одигра првиот меч и тоа ден после неговиот 16-ти роденден. Тој го држи и рекордот за најмлад стрелец во Бундес лигата.

Во француската Лига 1, Калман Геренчери го држи рекордот 63 години. Некогашниот играч за врска на Ленс и Оксер, дебитирал за првиот тим на Ленс со 15 години и 225 дена во поразот од Монако во август 1960 година. Тој стана клупска легенда.
Во поновата историја на францускиот фудбал, тоа е Алберто Рафетраниан кој во 2012 година дебитираше за Ница на 16 години и 27 дена во поразот од Ремс.

ПретходноДинамо Минск по 19 години повторно е шампион на Белорусија
СледноСо само 15 одиграни меча Белингем веќе испиша историски рекорд во дресот на Реал (М)