Она што „СпортСпорт“ го најави вчера, утринава и се оствари. И официјално, поради лошите временски услови, денешните мечеви од 15.коло во ПМФЛ меѓу Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар, се одложуваат. Многу снег, замрзнати терени кои не дозволуваат да се игра фудбал денеска во Струга и Кратово.
Па така Комисијата за натпревари ги одложи овие два меча и ги презакажа за наредната среда (06.12), ако се знае дека веќе оваа среда треба да се игра 16.коло.
Тоа значи дека во Кавадарци (Тиквеш –Брера), како и двете во Скопје (Работнички – Гостивар и Шкупи – Македонија ЃП) денеска во 13 часот ќе се играат.