ПМФЛ: Голема борба но без победник на ФФМ, Шкупи го “реши“ Ѓорче! (ВИДЕО)

492

Завршија двата меча од 15.коло во ПМФЛ кои започнаа денеска во 14 часот. На ФФМ силите ги одмерија Работнички и Гостивар, кој заврши 0:0. Ова беше меч во кој проследивме голема борба, со една зицер ситуација за гостите и тоа преку Потук во 54.минута, но голманот на домашните Алексовски ја одбрани таа топка која заврши во стативата. Работнички во 90+2.минута преку Гандо можеше да победи. Имаше голема шанса, која не успеа да ја искористи. Во следниот напад гостите преку Такахара имаше закана да му донесе победа на Гостивар.

Работнички посакуваше победа, новиот стратег Гоце Седлоски секако дека сакаше со триумф да тргне со својот нов тим, но сепак Гостивар покажа дека е силен тим.

На Чаир домашниот Шкупи успеа да ја победи Македонија ЃП со 1:0 и тоа со голот на Младеновски во 66.минута кога убаво шутираше со глава. Чаирачни беа подобри, имаа повеќе шанси, но и “лавовите“ откако го примија голот, имаа можност да дојдат до израмнување.

Мечот во Кавадарци, меѓу Тиквеш и Брера, почна подоцна.

ПретходноДури 50 полицајци се повредени во навивачки нереди пред бундеслигашки меч
СледноПМФЛ: Тиквеш ја “скрши“ Брера, големи три бода за кавадарчани! (ВИДЕО)