Покетино збесна: Играчите беа премногу „меки“, ова е најлош наш меч сезонава

123

Челзи доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Њукасл (4:0), а тренерот на „сините“ Маурицио Покетино е бесен на играчите затоа што биле премногу „меки“ во дуелите со противничките играчи.
Не покажавме борба. Дури ни Њукасл не играше добро, а на крајот лесно стигна до победата. Она што ме лути и ме прави разочаран е што бевме меки во секој дуел. Лесно ја губебевме топката. Зборувавме за тоа дека сме млад тим и дека треба да учиме, меѓутоа ваквите настапи многу ме лутат бидејќи треба да се покаже карактер и одлучност. Ова е мечеви каде што треба да го покажеме најдоброто, а ние излегуваме најлоши“, изјави Покетино.

На речиси третина од шампионатот, Челзи го доживеа петиот пораз и е на 10. место.
Ова е најлош наш меч сезонава. Тешко беше да се гледа тимот од трибините (Аргентинецот беше отстранет поради казна). Мора да го разбереме нивото во кое се натпреваруваме, да научиме нешто од овој пораз. Мора да научиме што ни се случува и да ја смениме динамиката“, објасни Аргентинецот.

ПретходноЏајиќ: Не дај Боже да ја извлечеме Албанија
СледноНатпреварот во Кавадарци ќе почне 20-тина минути подоцна!