Прва радост за Куманово, Аеродром поразен од Е. Пелистер 2

77

Ракометарите на Куманово славеа со 29:21 против Скопје во еден од двата последни меча во Суперлигата за тековното 12. коло.  За кумановци ова беше прв триумф сезонава и тоа во дуелот со тимот, кој исто како и тие, до пред ова коло немаше ниту една победа. Најефикасен кај победниците беше Ѓурковиќ со осум голови, додека кај гостите Шокоски постигна исто толку погодоци.

Во последниот дуел вечерва, екипата на Аеродром на домашен терен беше поразена од Е. Пелистер 2 со 26:27. Мечот донесе голема неизвесност до крајот, но среќата беше на страната на гостите кои успеаја да ја прокнижат и четвртата сезонска победа.

ПретходноРома со победа над Удинезе се враќа во битка за врвот во Серија А (ВИДЕО)
СледноРодриго со два гола за нов шампионски ритам на Реал (М) (ВИДЕО)