Фудбалерите на Рома го совладаа Удинезе на „Олимпико“со 3:1 во 13. коло од италијанската Серија А.
Избраниците на Жозе Мурињо победија по два последователни порази и се доближија до тимовите во зоната која води во Лигата на шампионите. „Волчицата“ поведе во 20. минута кога Дибала упати добар центаршут од прекин, а највисок во скокот беше Џанлука Манчини кој ја затресе мрежата на Силвестри. Гостите израмнија на почетокот на вториот дел со голот на Тован, но Рома во последните 10 минути од средбата со два гола го реши победникот.
Во 81. минута по одличната тимска акција Дибала погоди за 2:1, додека конечните 3;1 ги постави Стефан Ел Шарави во 90. минута од натпреварот.