Новиот Работнички тргна со реми и тоа против силниот состав на Гостивар. Гоце Седлоски денеска на ФФМ го имаше своето официјално деби како стратег на тимот од Дебар Маало и на својот прв меч успеа да дојде до бод.
Иако се посакуваше победа, иако интенција беа трите бода, а имаа и шанси за тоа, посебно онаа на Гандо во 90+2. минута сепак Седлоски не победи на своето деби.
Треба да се биде реален и да се каже дека и Гостивар преку Потук и Такахара можеше да дојде до целиот плен.