Со само 15 одиграни меча Белингем веќе испиша историски рекорд во дресот на Реал (М)

755

Новата голема ѕвезда на Реал (М), Англичанецот Џуд Белингем постави рекордот во дресот на Реал откако денеска на мечот со Кадиз го запиша својот 14-ти гол како фудбалер на „кралевите“.

Белингем погоди за 3:0 на натпреварот со Кадиз со што дојде до својот 14-ти гол во 15-тиот меч во дресот на Реал (М). Ова е дефинитивно најдобрата голгетерска серија на некој нов играч на Реал во неговите први 15 меча за овој клуб.

Претходно Пруден, Алфредо ди Стефано и Кристијано Роналдо беа на делба на првото место на вечната листа со по 13 гола на првите 15 натпревари.

ПретходноНајмлади дебитанти во Топ 5 лигите: Камарда го претекна Виздом, напаѓач на Арсенал е апсолутен рекордер
СледноШифрин незапирлива: Нова победа на Американката во слалом