Тренерот на Абердин Бери Робсон сака македонскиот напаѓач Бојан Миовски да остане во тимот подолго време. Миовски сезонава постигна 10 гола во 20 настапи за Абердин и е на добар пат да го собори личниот рекорд од 18 голови во дебитантската сезона на „Питодри“.
„Се разбира дека сакам да остане на Питодри. Тој е под договор со клубот, но би сакал да го продолжи. Се разбира клубот ќе се обиде да му ги понуди најдобрите услови, а искрено би сакал Бојан да остане уште долго време“, изјави Робсон.
За Миовски, кој има договор на уште две и пол години, постои интерес од клубови од Ремс од Лига 1 и Саутемптон од Чемпионшип дивизијата.
„Тој е брилијантно момче, работевме многу напорно на него и мислам дека се гледа неговиот напредок. Тој доби брзина, повеќе трча напред, а веќе има чувство за гол“, додаде Робсон.