Тухел го продаде, сега Челзи ќе го враќа на „Стемфорд Бриџ“

4431

Челзи, наводно, разговарал за враќање на Фикајо Томори во клубот, бидејќи тој се смета за „потенцијална опција“ за засилување на дефанзивната позиција.

Томори ретко играше за време на неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“, пред да биде продаден во 2021 во периодот на Томас Тухел на кормилото на „сините“. Тој претходно беше позајмуван во Брајтон, Хал и Дерби, з ана крај да заврши во дресот на Милан.

За време напрестојот во Лондон, Томори имаше 27 сениорски настапи за Челзи, главно во сезоната 2019/20, кога Френк Лампард покажа верба во него и во голем број млади фудбалери во услови на ембарго за трансфери.

ПретходноИнтер не го дава Марота: Трансфер „гуруто“ останува на „Меаца“ до 2027 година
СледноФабрицио Романо си доби дрес од Димитриевски