Феникс 2010 со одлична втора четвртина до победа во Охрид

57

Во последниот натпревар од деветтото коло во домашното кошаркарско првенство, екипата на Феникс 2010 славеше на гостувањето кај Охрид со 70:92. Одлуката, се чини, падна во втора четвртина во која гостите го скршија отпорот на охриѓани и ги освоија двата бода од гостувањето во „Билјанини извори“.

Првиот период мина во изедначена игра, по што гостите успеаја да ја направат главната предност во вториоте десет минути. На полувремето Фениск 2010 замина со убедливо водство од 51:36.

Во продолжението на играта, нешто поефикасна игра на охридскиот прволигаш која резултираше со намалување на негативата, но до крајот на мечот Феникс повторно одигра одличен период и дојде до убедлива победа.

Трајковски со 35 и Рис со 27 поени доминираа на теренот во дресот на Феникс 2010, додека кај Охрид, Бернар постигна 16 поени.

ПретходноЈанта Волеј го доби скопското дерби против шампионките
СледноРома со победа над Удинезе се враќа во битка за врвот во Серија А (ВИДЕО)