Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Чаир 2030 вчера пред крајот на втората четвртина беше прекинат поради мешаница која настана во делот каде што беа сместени претставници на гостинскиот тим и пријатели на клубот. Истите влегоа во клинч со обезбедувањето, а по завршувањето на натпреварот на својата официјална страница го објаснија овој момент. За време на мечот биле навредувани од страна на домашните навивачи, и како што велат сами наместо да се испразнат трибините, тие добиле сочни пцовки и биле влечени од страна на обезбедувањето.
Дома Кошарка Домашно првенство Чаир 2030 со реакција: Добивме сочни пцовки и бевме влечени од обезбедувањето