Најдобрата скијачка на денешницата, Американката Микаела Шифрин, на домашен терен во Килингтон ја обезбеди 90-тата победа во Светскиот куп, а шеста во овој ски-центар.
Шифрин имаше најдобро време во двете трки и со вкупни 1:42,02 минути ја постигна втората последователна победа сезонава, оставајќи ја зад себе најголемата конкурентка Словачката Петра Влхова, која заостана 33 стотинки . На подиумот им се придружи и Швајцарката Венди Холденер со заостанување од 1,37 секунди.
Кај жените во слалом Шифрин води со 250 бодови, пред Германката Лена Дуер со 190 и Влхова со 180. Во поредокот за Големиот кристален глобус, Шифрин има 350 бодови, 84 повеќе од второпласираната Влхова.