Тиквеш по тежок терен на стадионот во Каадарци уште еднаш одигра добро и успеа да ја победи солидната екипа на Брера Струмица. Освоени се големи три бода, сега како што вели стратегот Ѓорѓи Мојсов, полесно се дише:
„Да, за нас тежок меч од психолошки аспект. Ова за нас се шест бода, знаеме дека ако не победевме ќе бевме долу на табелата. Сепак момците покажаа карактер, покажаа како се игра за дресот на Тиквеш и затоа јас им честитам на победата, на играта, залагањето. Треба да напоменам дека и на денешниот меч со Брера Струмица недостигаа најмалку двајца во составот. Не паметам кога ние за еден натпревар сме можеле да смета на сите расположиви сили. Токму затоа оваа победа добивба на уште поголемо значење“ посочи Мојсов за “СпортСпорт“.