Големото скопско дерби меѓу екипите на Работнички и Јанта Волеј во рамките на 9. коло од Првата лига во женска конкуренција им припадна на одбојкарките на вицешампионот Јанта Волеј со 3:2 со што бранителките на титулата од минатата сезона веќе го претрпеа и четвртиот сезонски пораз. Работнички почна добро и прилично лесно го освои првиот сет, по што Јанта Волеј се врати со два одлични сета и успеа целосно да го сврти мечот во своја полза. Шампионките успеаја да го вратат мечот во целосна неизвесност откако го добија четвртиот сет прилично лесно, но повторно паднаа во играта во решавачкиот сет кој им припадна на гостинките.
Струмичките состави Струмица и Наковски Волеј вез проблеми оставрија нови максимални победи, а нов триумф запиша и Фит Фан Волеј.
Прва лига (жени), 9-то коло
Работнички – Јанта волеј 2:3 (25:16, 20:25, 24:26, 25:14, 9:15)
Младост УГД – Наковски волеј 0:3 (15:25, 21:25, 18:25)
Вардар 2019 – Фит фан волеј 1:3 (11:25, 15:25, 25:23, 10:25)
Струмица – Вардар ЕМ 3:0 (25:22, 25:21, 25:19)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (26); 2. Наковски В. (24); 3. Јанта Волеј (19); 4. Работнички (17); 5. Фит Фан Волеј (10); 6. Младост УДГ (8); 7. Вардар ЕМ (4); 8. Вардар 2019 (0).