Фудбалската репрезентација на Србија се пласира на ЕП 2024 во Германија и сега ја чека ждрепката за групите која ќе се одржи на 2 Декември во Хамбург. Претседателот на ФС на Србија, Драган Џајиќ откри кој не го сака за противник на евро шампионатот.
„Сите имаме право на желба, но желбите се едно, а реалноста друго. Кој и да го добиеме во ждрепката ќе биде тежок противник. Не можам да кажам само не Германија, Шпанија, Франција… Тешки противници се и Романија, а не дај боже, Албанија… Сите можат да ни нанесат проблеми. Ние треба да ги цениме нашите успеси и нашите играчи, меѓутоа и да не претераме. Мораме да бидеме реални и го направиме оној исчекор и нов чекор напред“, изјави Џајиќ.