Женската репрезентација на Македонија лесно и убедливо го доби и вториот контролен меч против Велика Британија. Првиот меч го доби со 36:17, а денес запиша победа од 34:19.
Овие две средби се дел од подготовките на сенирската женска репрезентација пред продолжението на квалификациите за ЕП 2024. Следен предизвик ни е двомеч со Шпанија во март идната година.