Франеческо Пеко Бањаја е старо – нов светски првак во “кралската класа“. Италијанецот денеска победи на последната трка во сезоната, а претходно Хорхе Мартин излета од стазата на патеката во Валенсија, и со тоа веќе немаше дилеми кој ќе биде најдобар за оваа 2023 сезона во Мото ГП.
REIGNING SUPREME IN 2023 👑#BACK2BACKgnaia 🏆🏆 pic.twitter.com/htU6bwpwrc
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 26, 2023
Се разбира дека радоста во тимот на Дукати беше еуфорична. Оваа трка како втор ја заврши Џиантонио, а трет беше Зарко.
Инаку како што веќе нагласивме, се беше решено уште во 6.круг кога Мартин имаше судир со Маркез и со тоа двајцата ја завршија трката, по ова веќе се знаеше кој ќе биде првакот за 2023.