„Дербито на Италија“ без победник: Влаховиќ и Лаутаро за поделба на бодовите (ВИДЕО)

126

„Дербито на Италија“ меѓу Јувентус и Интер вечерва во Торино заврши без победник. Фудбалерите на Јувентус ремизираа 1:1 со Интер и тоа значеше дека „нероаѕурите“ останаа на првото место во Серија А, одржувајќи два бода предност пред Јуве во пресрет на новото коло.

Јувентус прв погоди за предност и тоа во 27. минута на средбата, кога Киеза асистираше за Душан Влаховиќ кој успеа да го совлада гостинскиот голман Зомер и да донесе голема радост на трибините.

Радоста на домашните навивачи траеше само шест минути, бидејќи на Интер брзо израмни. Одлична контра повлече Турам, кој му ја додаде топката на Лаутаро Мартинез, а Аргентинецот успеа да погоди за израмнување.

Во вториот дел не видовме погодок. Интер имаше иницијатива, но не и вистински шанси за победа.

ПретходноШифрин незапирлива: Нова победа на Американката во слалом
СледноШтефан Крафт ја отвори сезоната во ски-скокови до две победи во Финска