Елиф Елмас е централна фигура во Наполи по вчерашниот победнички гол на гостувањето кај Аталанта. Имено Валтер Мацари на пресот истакна дека тој го гледал Дијамантот во дресот на Македонија и дека е убеден дека може да одигра подобро одтоа што вчера го одиграл, а вчера беше одличен.
Инаку Елмас објасни за кого е срцето кој тој го покажа по постигнувањето на голот.
“Срцето кое го покажав кон камерите беше за нашите навивачи, сите ги сакам“ објасни Дијамантот.