ПМФЛ: Новиот Работнички со Седлоски тргнува против Гостивар!

176

 

Денеска од 13 часот ќе се одиграат само три средби од 15.коло во ПМФЛ. Снегот прави проблеми, одложени се дуелите Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар, кои се играат на 6 декември, а вчера Брегалница и Шкендија одиграа 2:2.

Најинтересно ќе биде на ФФМ, каде Работнички го дочекува Гостивар. Овој меч ќе биде и деби за новиот стратег на тимот од Дебар Маало, Гоце Седлоски. Сите со нетрпение очекуваат како тоа Работнички ќе одигра под палката на трофејниот стратег.

Од денеска во Работнички започнува нова ера под водство на Седлоски.

На Чаир тимот на Шкупи ја дочекува Македонија ЃП, а во Кавадарци домашниот Тиквеш ќе ги одмери силите со Брера.

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Работнички – Гостивар

Шкупи – Македонија ЃП

Тиквеш – Брера

ВЧЕРА:

Брегалница – Шкендија 2:2

06.12.2023:

Струга ТЛ – Воска

Силекс – Вардар

ПретходноЕлмас со порака до навивачите, а Мацари вели дека Дијамантот може уште подобро!
СледноАртета оствари јубилеј и постави рекорд на клупата на Арсенал