Полувреме: Мрежите мируваат на ФФМ и на Чаир!

95

Без голови на двата меча по првите полувремиња на ФФМ и на Чаир, каде што играат Работнички – Гостивар и Шкупи – Македонија ЃП. Ова се мечеви од 15.коло.

Голем битка на ФФМ меѓу Работнички и Гостивар, домашните ја имаа иницијативата, имаа и неколку закани, сепак без некои посебни шанси за водство на едната или другата екипа. На оваа средба дебитира Гоце Седлоски на клупата на тимот од Дебар Маало.

Нешто слично и на Чаир, и таму на пауза се замина со тие почетни 0:0. Шкупи притискаше, имаше повеќе од играта, но не успеа да дојде во водство.

Во Кавадарци мечот меѓу Тиквеш и Брера почна дваесетина минути покасно, во 25.минута резултатот беше 0:0.

ПретходноПочина легендарниот Тери Венејблс
СледноMaкедонија убедлива и на втората контрола со Британија