Почина легендарниот Тери Венејблс

225

Еден од најхаризматичните англиски тренери Тери Венејблс почина денеска на 80 години. Како играч запиша преку 500 натпревари за Челзи, Тотенхем, КПР и Кристал Палас. Потоа работеше и како тренер но и како селектор на Англија на ЕП 1996 година на кое како домаќин „Гордиот албион“ стигна до полуфиналето но испадна на пенали од Германија која потоа стана првак.
Венејблс со Тотенхем го освои ФА купот и како играч и како тренер. Работеше како тренер на Барселона од 1984 до 1987 година (беше шпански шампион и финалист во Купот на шампионите), беше селектор на Австралија од 1997 до 1998 година, потоа во Кристал Палас, Мидлсбро, Лидс Јунајтед, а во 2006-2007 беше асистент во репрезентацијата на Англија по што се повлече од фудбалот.

ПретходноГОООООЛ….Миовски го “тресе“ Ренџерс! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Мрежите мируваат на ФФМ и на Чаир!