Родриго со два гола за нов шампионски ритам на Реал (М) (ВИДЕО)

119

Реал Мадрид со убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Кадиз се врати на челното место во Ла Лига. Вечерва во мечот од 14 коло, избраниците на Карло Анчелоти забележаа уште една убедлива победа.

Вистински расположен за игра беше Родриго кој со два гола практично го реши прашањето на победникот. Бразилецот отвори во 14. минута, а потоа во 64. минута во контранапад и вторпат прецизно стрелаше во домашниот гол.

Конечниот резултат го постави Џуд Белингем.

ПретходноПрва радост за Куманово, Аеродром поразен од Е. Пелистер 2
СледноНеверојатниот Синер и го донесе на Италија трофејот од Дејвис Купот