Тренерот на Абердин: Сакам Миовски да остане во клубот

451

Тренерот на Абердин Бери Робсон сака македонскиот напаѓач Бојан Миовски да остане во тимот подолго време. Миовски сезонава постигна 10 гола во 20 настапи за Абердин и е на добар пат да го собори личниот рекорд од 18 голови во дебитантската сезона на „Питодри“.
Се разбира дека сакам да остане на Питодри. Тој е под договор со клубот, но би сакал да го продолжи. Се разбира клубот ќе се обиде да му ги понуди најдобрите услови, а искрено би сакал Бојан да остане уште долго време“, изјави Робсон.
За Миовски, кој има договор на уште две и пол години, постои интерес од клубови од Ремс од Лига 1 и Саутемптон од Чемпионшип дивизијата.
Тој е брилијантно момче, работевме многу напорно на него и мислам дека се гледа неговиот напредок. Тој доби брзина, повеќе трча напред, а веќе има чувство за гол“, додаде Робсон.

ПретходноХрватски тренер на клупата на Унион Берлин
СледноЏајиќ: Не дај Боже да ја извлечеме Албанија