Поранешниот грчки кошаркар Софокле Скорцанитис бил итно примен во болница ноќта меѓу саботата и понеделникот, јавуваат грчките медиуми. Причината поради која бил хоспитализиран биле високиот крвен притисок и мачнините, па бил задржан на лекување за да се дознае точната дијагноза. Според првите информации од Грција, на Скорцанитис наводно му откажал еден бубрег.
Сега го чекаат тестови, моментално неговата состојба е стабилна, среќа е што веднаш реагирал и побарал да биде префрлен во болница.
Скорцанитис поради големата тежина, во голем дел од кариерата имаше над 180 килограми, во последните години да се соочува со здравствени проблеми. Тој се пензионираше во 2020 година, а претходно настапуваше за Олимпијакос, Макаби, Црвена Звезда, Панатинаикос, ПАОК, Канту…