Попладнево се одиграа двете заостанати средби од 13.коло во ВМФЛ, кои беа откажани во саботата кога се играа сите останати. По тешкиот терен на Градскиот стадион во Кичево, тимот на Беса како домаќин немаше никакви проблеми со Тетекс совладувајќи го со убедливи 4:0. Tри гола паднаа во првото полувреме, стрелци беа Адеми, Алими и Емини а во финишот од овој меч тимот на Беса постигна уште еден гол преку Назифи. Инаку тимот од Добри Дол во 90+3.минута не успеа да реализира пенал. Со овие нови три бода лидерот сега има 34, пет повеќе од второпласираниот Детонит и седум повеќе од третиот Пелистер.Познато е дека првите две екипи обезбедуваат директен пласман во ПМФЛ, додека третата игра бараж.
На Автокоманда, домашниот состав на Скопје со голот на Поповски во 79.минута успеа да го победи Осогово со 1:0.
Како што веќе рековме во саботата се одиграа сите останати мечеви од ова 13.коло, додека претстојниот викенд се играат натпреварите од 14.коло во ВМФЛ.
РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО
Беса – Тетекс 4:0
Скопје – Осогово 1:0
САБОТА
Детонит – Охрид 1:0
Кожув – Саса 3:2
Караорман – Новаци 1:3
Вардар (Н) –Беласица 1:0
Арсими – Победа 8:1
Пелистер – Башкими 4:0
ТАБЕЛА
Беса 34, Детонит 29, Пелистер 27, Беласица 20, Кожув 20, Охрид 20….