Голем удар и за Кристал Палас: Дукуре го пропушта Африканскиот куп на нации

61

Играчот од средниот ред на Кристал Палас, Чеик Дукуре се соочува со сериозна повреда на Ахиловата тетива која може да го испрати надвор од терените и до 6 месеци. Дукуре се повреди на мечот со Лутон во саботата, па се уште не се знаат конечните прогнози на лекарите.

Ако се остварат најавите за долготрајно отсуство, тоа ќе биде огромен удар за момците на Рој Хоџсон, бидејќи Дукуре е клучен играч за врска. Репрезентативецот од Мали беше однесен на носилки на почетокот на второто полувреме на „Кенилворт Роуд“. Според првите информации, 23-годишниот фудбалер сигурно ќе го пропушти Африканскиот куп на нации.

ПретходноМиовски со голот против Ренџерс се најде во „Тимот на колото“ (ФОТО)
СледноЏерард го убедува Де Хеа да се пресели во Саудиска Арабија