Во среда од 13:00 часот на програмата е коло во ПМФЛ, а снегот направи големи проблеми на терените во државата. ФК Гостивар ќе игра со Шкупи, а им соопшти на своите навивачи дека мечот ќе го игра во Струмица.
Причината е тоа што стадионот во Гостивар не е погоден за одигрување на натпреварот, па истиот е преместен за на стадионот „Младост“.
Вардар својот меч со шампионот Струга ќе го игра на комплексот на ФФМ.
ДВОЈКИ (среда, 13:00 ч)
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
Охрид: ВОСКА – ТИКВЕШ
Струмица: БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Струмица: ГОСТИВАР – ШКУПИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС