Го победија гигантот, а потоа ги обвинија дека користеле црна магија

361

Џаваненг Галакси, шампионот на Боцвана со 0:1 славеше на гостувањето кај Видад Казабланка во африканската Лига на шампиони. Тоа е голема победа со оглед дека е извојувана против еден од најголемите фаворити за титулата во Африка.
По мечот тренерот на гостите Морено Рамореболи се соочи со новинарите на прес-конференција кои го обвинија за користење на црна магија.
„Неправедни сте. Немојте да не омаложувате“, изјави Рамореболи и ја напушти прес-конференцијата.
Обвиненијата доаѓаат откако играчите на Галакси биле забележани како истураат некаква течност по корнер знаменцето пред мечот.

ПретходноРоналдо беше соборен, па му покажа на судијата дека прекршокот не е за пенал
СледноЛиверпул ќе плати дополнителни 10 милиони фунти за Нуњез