Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Матијс де Лихт е блиску до враќање на терените, откако речиси цел месец паузираше поради повреда на коленото, соопшти денеска германскиот шампион.
Баерн објави дека холандскиот стопер денеска одработил индивидуален тренинг.
Де Лихт го повреди коленото на 1 ноември при изненадувачкиот пораз на Баерн од 2-1 во Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен.
Оттогаш тренерот Томас Тухел остана со двајца стопери, Ким и Упамекано. По сензационалниот пораз од Сарбрикен, Баерн продолжи со четири победи, вклучувајќи го и триумфот од 4:0 против Борусија Дортмунд.
Фудбалерите на Баерн Минхен во среда играат против Копенхаген во Лигата на шампионите.