Екипата на Кожув во продолжение на сезоната ќе биде под водство на Борче Даскаловски, кој доаѓа на местото на актуелниот македонски селектор, Александар Јончевски.
Јончевски си поднесе оставка поради резултатите кои ги оствари, истите беа под неговите очекувања.
Даскаловски доаѓа од тимот на МЗТ Уни Банка, има и меѓународно искуство како асистент на Емил Рајковиќ во Астана.