Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез настапи за Ливерпул на дербито со Манчестер Сити (1:1), а со тоа е активирана клаузулата во договорот кој го потпишаа „црвените“ со Бенфика.
Се работи за клаузула за бонуси за одиграни натпреаври. Во неа пишува дека англискиот клуб ќе мора на португалскиот клуб да му плати 10 милиони евра кога играчот ќе одигра 60 меча за „Црвените“.
Токму мечот со Сити беше 60-ти за Нуњез. Уругваецот има 22 гола на своето конто, но во последно време е критикуван поради големиот број на промашувања. А Ливерпул за да го донесе плати 80 милиони евра.