Луис Енрике: Против Њукасл ќе играме како да е финале

163

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике зборуваше за претстојниот натпревар со Њукасл во Лигата на шампионите.

Мечот со Њукасл ни е решавачки. Убеден сум дека тимот ќе биде на ниво. Очекувам да ја видам најдобрата верзија на нашата публика, особено кога противникот може да ни направи проблеми. Тие се физички силни, играат длабок пресинг на противничката половина. Треба да бидеме спремни. Имаме потреба од полн стадион и публика. Ќе играме како да е финале“, изјави шпанскиот тренер.

Не е лесно да ви одговорам за тактиката. Тоа се менува постојано во текот на играта. Во нашето поле играме 4-3-3, кога ќе се доближиме до средниот ред менуваме во 3-4-3, а во напад друга формација. Утре ќе тргнеме офанзивно со 4-3-3. Се уште се бараме. Далеку сме од тоа што сакам за ПСЖ“, изјави поранешниот шпански селектор.

ПретходноГалевски: Војводина е нов голем предизвик за нашиот млад тим
СледноТргнаа промените во бугарскиот фудбал: Михајлов поднесе оставка, доаѓа Бербатов