Ете и тоа го има во нашата ПМФЛ. Вчера на мечот Работнички – Гостивар, кој заврши 0:0, овој старт на Алхасан(Гостивар) врз домашниот играч Ангелов (Работнички), кој што можете да го видите на фотографијата, беше санкциониран од страна на судиите на чело со главниот Јован Качевски, само со жолт картон.
Неверојатно! Овој старт на играчот на Гостивар е за во затвор, за црвен да не говориме, а тој Алхасан доби само опомена во вид на жолт картон. Да, ова се случи рано, во 10.минута, но тоа ништо не менува. Ако е старт за црвен во 10.или 50.минутаа сеедно, тогаш треба да се покаже исклучување.
Проблемот е во тоа што ова се случува во непосредна близина на четвртиот судија и првиот асистент на Качевски, и тие мораа да му сигнализираат за каков старт се работи. Јасно е дека главниот судија не може и да сака, се да види на теренот.
И по се ова Работнички е драстично оштетен, јасно е дека се поинаку ќе беше ако Гостивар заслжено останеше со играч помалку.
И по се ова младиот Матеј Ангелов заработи тешка повреда. Се сметаше дека е скршеница на зглобот, но веројатно е дека повреден е лигаментот. Иако треба да се направат дополнителни лекарски прегледи.
Страшно. Овој старт малку недостигаше да ја прекине кариерата на младиот екстра талент на Работнички и член на младинската репрезентација кој има само 19 години.
Па, зарем за ова само само жолт картон? Јасно е дека, ќе повториме, и тимот на стратегот Гоце Седлоски е драматично оштетен.
На крај да го пофалиме и ремек – делото како фотографија, на нашиот фотограф Петр Стојановски. Успеа да го “фати“ најзначајниот момент од овој натпревар.
Маестрално.