Под итно смена за Канатларовски, уште една шанса за Милевски!

7408

До март националните селекции се во мирување. Сениорите ја чекаат разврската со селекторот Благоја Милевски и најавите за негов нов договор, а кај младите селекции резултатите не цветаат а посебно во селекцијата до 21 година каде предводник е Драган Каналтаровски.

Каква е работата на селекторите, како е од гледна точка на оние кои биле дел од тие селекции, кои работат во фудбалот и кои се компетентни да дадат анализа.
Ѓорѓи Христов е екс репрезентативец во сите селекции и сегашен директор во фудбалската академија „Парк“:
Речиси 10 години работам со младите кадегории во Металург, Вардар и еве сега во Академија Парк. Затоа мислам дека сим покомпетентен да ја анализирам работата во младите категории отколку кај сениорите“, е воведниот дел на Христов кој фокусот го става кон Драган Канатларовски и неговата работа и резултати во националната селекција до 21 година која нанижа 3 порази во серија и ги губи шансите во групата за пласман на ЕП.

Кај нас многу работи не се како треба па така и селектор кој двапати бил на чело на сениорите да биде ставен во полмадите селекции а еве и во онаа најважната до 21 година. Според мене зборот одговорност одамна го има изгубено своето значење а посебно во фудбалот. Ако некој има чист обрза после едни вакви разочарувачки резултати и игри, самиот треба да си превземе одговорност. Тоа важи за сите кои работат битна работа и важна функција а каде немаат резултати. Треба да постојат принципи па така по оние порази од селекции како Молдавија и Грузија доволно кажуваат дека нешто не е како треба. Јас не паметам дека некој селектор е разрешен поради тоа што во неговата работа не се гледа напредок, нема резултати и очигледно е дека нема иднина. ФФМ треба да реагира додека е време затоа што сите селекции а посебно оваа до 21 година го имаат сите услови. Не да се бара некој нов селектор, има тренери и во самата ФФМ кои имаат амбиции, кои работат добро со млади категориии и кои сакаат ра работат, да учат и да се едуцираат…“.

За изборот на играчи, за талентор во младите селекции Христов напоменува!?
Имаме таленти, имаме квалитет и убеден сум во тоа. Не за алиби! Никако тоа… Не во време кога во секој прволигаш има младинци кои секогаш играат и барем тројца се секогаш со сениорите. Проблемот е во селекцијата, изборот на играчи кои не играат и други критериуми кои се нефудбалски и кои се причина за слабите резултати. Алиби никако дека играчите не играле. Изборот, тактиката, поставеноста… тука се грешките а тие се само и само на селекторот“.

За Благоја Милевски и за сениорскиот тим!?
Да не си му во кожата на Благоја Милевски. Ете најави подмладување, но од каде ќе подмладува. Со кои резултати и игри играчите од 21 година заслужиле да добијат повик кај сениорите. Кога Милевски беше селекор на младите тој направи историски резултат, пласман на ЕП и база на играчи кои се сега во сениорите. Која е базата на Канатларовски и која е иднината после ова!? Се плашам дека се создава една дупка која ќе биде фатална кон националниот тим за 3-4 години кога Барди, Елмас и останатите ќе наполнат по 30 години. Што тогаш!? Не сме свесни што ќе ни се случи ако се продолжи во исто темпо со работата во младите секции. Па ние со години и во помладите категории не го минувавме првиот филтер од квалификациите. Го губиме континуитетот на конкурентност во селекцијата до 21 година која напреднапод палката на Милевски кој потоа заслужено доби шанса и кај сениорите“.

Конкретно за Милевски и за најавите за нов договор!?
Има неуспех во Лигата на нациии но и квалификациска група со Англија, Италија, Украина во која немавме ама баш никакви шанси. Треба да се биде реален… треба да се фали кога треба да се фали и да се критикува кога има основа за тоа. Ако во младата селекција се е јасно и треба да се менува нешто, кај сениорите мислам дека оправдано е да му се даде нова шанса на Милевски. Не треба да се заборават резултатите од минатото но и да се научи нешто од последните натпревари каде има и грешки. Милевски најдобро ја знае оваа генерација која треба да добие уште една прилика а тоа се следните настапи од Лигата на нации“, појаснува Ѓорѓи Христов кој нагласува дека во самата ФФМ има и поранешни репрезентативци, и поранешни тренери кои добро знаат што е најдобро за националните селекции и со кои селектори немаме никаква иднина.

Од национален интерес е да се реагира онаму каде што гори а тоа е репрезентацијата до 21 година и нејзиниот селектор Драган Канатларовски.

ПретходноЧави: Немаме континуитет, Порто е голема шанса за нас!
СледноВардар-Струга се игра на ФФМ, а Гостивар-Шкупи во Струмица